(ФОТО) Убавата Летиција ја воодушевила Америка: Пред средбата со Меланиа шпанската кралица одржала модни лекции!

Службената посета на САД шпанската кралица Летиција и кралот Фелипе VI ја започнале со одењето во Луизијана, која од 1763 до 1802. година била шпанска колонија.
Шпанската кралица Летиција со сопругот Фелипе моментално се наоѓаат на американска турнеја во рамките на која ќе се сретнат и со претседателскиот пар во Белата куќа.


Службената посета на САД шпанската кралица Летиција и кралот Фелипе VI ја започнале со одењето во Луизијана, која од 1763 до 1802. година била шпанска колонија.Слетувајќи во Њу Орлеанс, кралицата Летиција и нејзиниот сопруг ги дочекал гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс, и грдоначалничката на Њу Орлеанс, Латоја Кантрел, а кога ја допрела американската земја една од најубаво облечените дами од кралските семејства блеснала во црвен фустан на омилениот германски бренд „Хуго Бос“.


Модното брендирање потоа го продолжила во Голиер Хол, бившото градско собрание на Њу Оренс отворено во 1853 година и обновено непосредно пред 300. годишнината на градот. На големата прослава на градот кралицата Летиција се појавила во фустн во боја на фуксија, дело на дизајнерката Каролина Ерера, кој освен со бојата се истакнува и со копченцата на подрачјето на деколтето.


Престојот во Њу Орлеанс во рамките на 300. годишнината на градот шпанскиот кралски пар го завршил со одењето во Музејот на уметност, после што уживале во џез музика и настапот на Мари Грас Индианс, а беспрекорните изданија во фустан стајлингот кралицата Летциј го прекинала со две комбинации – бел комплет кој го чинат палто и маичка со впечатлив графички дизајн кои ги носела со „молив“ здолниште.

Кралицата Летиција и нејзиниот сопруг потоа отпатувале во Сан Антонио во Тексас. Домаќините биле импресионирани од појавата на кралицата Летиција во фустан со црвен принт кој, како видениот во боја на фуксија, го потпишува дизајнерката Каролина Ерера.
Службената посета на САД кралскиот пар ќе ја заврши на 19. јуни со доаѓањето во Вашингтон, каде во улога на домаќини во Белата куќа ќе ги дочекаат претседателот Доналд Трамп и првата дама на Америка, Меланиа Трамп.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …