(ФОТО) Твитер гори, пронајдени докази: Амбер Херд на судењето користела цитати од филмови?

Судењето на Амбер Херд и Џони Деп продолжува да го привлекува вниманието на јавноста, а сведочењето на актерката Амбер Херд на многумина им звучело многу познато, па нашле цитати од филмовите и ги споредиле со нејзините изјави.
Во своето последно сведочење, актерката се присетила на голем број трауматични и контроверзни моменти кои ги поминала со нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, вклучувајќи го и оној кога тој, наводно, првпат ја удрил, но и барал кокаин во нејзината вагина.
Сепак, многумина ја обвинија актерката дека „звучи извежбано“, како психологот Купер Лоренс, кој тврди дека нејзиното сведочење „изгледа малку лажно“.
Голем број корисници на социјалните мрежи истакнуваат дека 36-годишната актерка користела цитати од филмови во своето сведочење. Имено, за време на следењето на судењето, сведочењето на Амбер на многумина им звучело познато, а по мало „истражување“ сфатиле дека веќе го слушнале. Во филмовите.
Така корисникот на Твитер @christinapykles споделила компилација од твитови кои го споредуваат сведочењето на Амбер со реплики на филмови.
Така, корисникот Micel Co. тврди дека инспирација и бил „Нотинг Хил“, па кога изјавила дека Деп „испил многу, многу чај“, тоа го направила двапати и го кажала на сличен начин како Џулија Роберт на Хју Грант во споменатиот филм.


Дополнително, корисникот @varukasawlt истакнува дека делот од сведочењето за тоа како Деп и удрил шлаканица, а потоа рекол дека повеќе би сакал да му ја отсече раката отколку повторно да ја удри е цитатот од филмот „Милдред Пирс“.
Таа реченица главниот лик ја изговара откако ќе удри шамар на друг лик.

Покрај тоа, како што е наведено на Твитер, се чини дека инспирација и бил „Талентираниот господин Рипли“.
„Кога бев блиску до Џони, се чувствував како најубавата личност на светот, тогаш тој ќе исчезнеше“, вели таа.

„Работата со Дики… Како да те сјае сонцето и е прекрасно. А потоа те заборава, и е многу, многу студено… Кога го имаш неговото внимание, се чувствуваш како да си единствената личност во светот, па сите го сакаат толку многу“, цитатот е исто така од истиот филм.

Корисниците на Твитер тврдат дека користела и цитати од „Лов на вештерки“, „Шрек 2“, комедиите „How High“, „White Chicks“, „Reservoir Dogs“, како и сериите на Нетфликс „Maid“ и „I Am a Killer“. .

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …