(ФОТО) ТВ водителката Елена Стојановска покажа дека е многу згодна во бикини: Колешките ја опсипаа со комплименти!

Летните одмори се во полн ек, а познатите ја отворија летната сезона, па го распослаа својот сексапил во бикини.
Некои порано, некои подоцна го искористија убавото време, но и попуштените корона мерки за да уживаат некаде на плажа.
Водителката Елена Стојановска имаме прилика секој ден да ја гледаме на Утринската програма на Сител телевизија каде што од раните утрински часови е тука за гледачите и е подготвена да ги известува за новите случувања.


View this post on Instagram

A post shared by Elena Stojanovska- Jankovska (@enna_inna)


Но, секој има пауза од работа, особено за време на летните одмори, а дојде ред и Елена да се одмори на плажа.



Иако на ТВ екраните имаме прилика да ја видиме во елегантни изданија кои и одговораат на нејзината линија, а и се во согласност со нејзината професија, овојпат водителката се покажа во малку поразлично светло.
Имено, таа одлучи да здивне од секојдневната рутина и раното утринско будење пред екраните го замени со заслужен одмор.

Стојановска во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија на која позира во бело бикини на плажа на Карибите.
Испружена под зраците на сонцето и со поглед кој полни очи, Елена во бикини ја покажа својата витка фигура и своите облини на кои може да и позавидат многу млади девојки.
Нејзините драги колешки Александра Илиевска, Снеже Велков, Цеце Тодосовска ја опсипаа со позитивни коментари порачувајќи дека местото и годи.

Сигурно, Елена ќе ги наполни и батериите, а можеби и „летна боја“ боја, па на работните обврски ќе се врати полна со енергија.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …