(ФОТО) ЦЕЛИОТ СВЕТ БИЛ ЛУД ПО НЕА: Вака сега изгледа иконата од 60-тите Брижит Бардо! Има 87 години и ужива во четвртиот брак!

Француската манекенка, актерка и пејачка Брижит Бардо стекна меѓународна слава како пинап девојка. Таа беше францускиот одговор на Мерлин Монро и беше позната низ целиот свет.
Бардо не секогаш имала најсреќен живот. Во септември 1960. година, таа се обидела да се самоубие и завршила во болница во Ница. Имала три бурни бракови со милионери и бизнисмени, но тоа не ја спасило од самоубиствени мисли; Во 1983. година повторно се обидела да си го одземе животот.


View this post on Instagram

A post shared by Egbert Luijs (@studioegt)


Покрај тоа, таа преживеала и рак на дојка. Денес е во брак со четвртиот сопруг: Бернард д’Ормале.
Брижит е многу страсна за животните: таа е вегетаријанец и активист за правата на животните и продала многу од нејзините работи (вредни стотици илјади евра) за да ги спаси животните.


Вечна убавина
Брижит Бардо сега има 87. години и долго време е во пензија, но старата пинап девојка се уште ја препознаваме во нејзиното лице! Дали ја препознавате?

Фото: Принтскрин/Instagram

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Репертоар за Мај во Театар Комедија

Мај е еден од најубавите месеци во годината кога пролетта е во целиот свој сјај. …