Членот на екипата од снимањето на „Rust“, Меми Мичел, денеска во тужбата изјавила дека според сценариото не било потребно да се пука со пиштол за време на сцената на која Алек Болдвин, претходниот месец, вежбал, кога ја уби снимателката Халина Хачинс.
Нејзината адвокатка Глорија Олред ја потврдила тужбата против Болдвин и другите филмски продуценти, објаснувајќи дека актерот е одговорен и за спречување на оваа трагедија. Супервизорот на сценариото Мичел во тужбата наведува дека Болдвин требало сам да провери дали пиштолот има боева муниција, а не да се потпира на тврдењето на помошникот режисер дека револверот Колт 45 е безбеден за употреба.
„Според нас, Болдвин играше руски рулет, одлучувајќи да не проверува дали пиштолот е наполнет пред да го земе“, рекла Олред.
Во тужбата се наведува дека сценариото предвидувало пукање на три кадри, очите на Болдвин, дамка од крв и торзото на Болдвин „додека тој ја става раката на корицата и вади пиштол“, но дека „никаде не се споменува дека Болдвин или некој друг треба да пука од пиштол“.
Мичел тврди дека нападот бил извршен, предизвикал емоционална вознемиреност и намерно нанесување повреда, се вели во извештајот заснован на копија од судските документи.
Претходно, друг член на филмската екипа, кој беше сведок на фаталното пукање за време на снимањето на една од сцените минатиот месец, поднесе тужба против актерот Алек Болдвин и продуцентот на филмот за несовесно однесување, а властите во Санта Фе сè уште истражуваат и не поднеле кривична пријава.
Снимателката Халина Хачинс беше убиена на 21. октомври, а режисерот Џоел Соуза беше ранет кога пиштолот на Болдвин, за кој се мислеше дека е безбеден, испука куршум за време на снимањето на филмот во Ново Мексико.
Фото: Принтскрин/Instagram