Овој многу впечатлив стил ќе го обожувате…
За стилот кој воодушевил многу дами нема да има потреба да потрошите ниту денар. Се’ неопходно сигурно имате во својот гардеробер.
Имено, монохроматскиот стил подразбира комбинација, од глава до петици, во една боја. Ваквите комбинации се многу атрактивни и интересни, па ќе ве забележат каде и да се појавите.
Единственото правило кое мора да го испочитувате е да изберете омилена боја и за момент ќе имате стајлинг како светските убавици.
Еве како се носи овој стил.
Кендал Џенер воодушевува со костум во црвена боја.
Во стајлингот како овој во кој се појавила Викторија Бекам, сите погледи ќе бидат усмерени во ваш правец.
Доколку не сте смееле да носите јаки бои, овој стил ќе изгледа феноменално и во некои помирни тонови, како комбинацијата за која се одлучила Кендал Џенер.