(ФОТО) „The Rock“ по втор пат застана на „лудиот камен“: „И без потпис јас сум одамна женет!“

Еден од најплатените холивудски актери Двејн Џонсон потврди дека викендов се оженил со својата долгогодишна девојка Лорин Хашијано. Популарниот „The Rock“ ги изненади своите фанови на Инстаграм со серија фотографии од венчавката, која вчера се одржала на Хаваи.
„Го направивме тоа. 18 август 2019, Хаваи“, напиша Џонсон на Инстаграм.


View this post on Instagram

We do. August 18th, 2019. Hawaii. Pōmaikaʻi (blessed) @laurenhashianofficial❤️ @hhgarcia41📸


A post shared by therock (@therock) on


Џонсон и 13. години помладата Хашијано ја започнале врската во 2007., набргу откако тој се развел од продуцентката Дани Гарсија и во меѓувреме добија две ќерки, тригодишната Џасмин и 15-месечната Тијана.
Тие првично планирале да се венчаат во пролетта 2018., но одложиле откако Лорен Хашијано забременила по вторпат.Џонсон има ќерка и од првиот брак.

„Не ни се брзаше да се венчаме. Јас и онака цело време ја сметав Лорин за моја сопруга“, кажа Џонсон тогаш.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …