(ФОТО) Тест со дрвени лажици го обиколил Фејсбук: На многумина после тоа им се згадил животот!

Дрвената лажица е задолжителна во секој дом, но дали наете колку е чиста, дури и кога е темелно измиена?


Еден готвач од Австралија им предложил на луѓето да ги натопат своите чисти дрвени лажици во врела вода за да видат колку е навистина валкана и резултатите се ужасни.
Мет Престон, готвач од Австралија го објавил својот „тест за дрвени лажици“, кој, како што вели, утврдува дали е време да ја замениме. Сè што треба да направите, вели тој, е да ја натопите дрвената лажица во врела вода и да ја оставите да стои 20. минути.
Дотогаш, дрвената лажица ќе ги испушти сите масла што ги апсорбирала и ќе покаже колку е навистина нечиста, колку и да изгледа чисто.


Луѓето веднаш го прифатиле предизвикот и рекле дека се згрозени.
„Не само што ја испушти целата нечистотија, туку и таа започна да смрди“, коментирале луѓето.



Препораката на готвачот, Мет Престон, е наместо дрвени лажици да се користат оние од силикон, односно новите силиконски шпатули.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …