(ФОТО) По 19 години брак , се разведува ѕвездата од „Валкан танц“: „Плачеме додека ова го објавуваме!“

„Неодамна донесовме тешка одлука за развод, но остануваме блиски и длабоко благодарни за животот што го споделивме и прекрасната ќерка што ја воспитавме“
Џенифер Греј и Кларк Грег решиле да го прекинат бракот.Двојката вчера ја објави веста во заедничка изјава на нивните профили на социјалните медиуми.
Актерската двојка објави дека се разделиле во јануари по 19. години. Додале дека секогаш ќе се семејство чии членови се сакаат, ценат и се грижат едни за други.
„Неодамна донесовме тешка одлука за развод, но остануваме блиски и длабоко благодарни за животот што го споделивме и прекрасната ќерка што ја воспитавме“, пишуваат тие.
„П.С., тотално плачеме додека го објавуваме ова“.


Ѕвездата на филмот „Валкан танц” , 60-годишната Греј и ѕвездата на Марвел, Грег (58), се венчале во јули 2001 година. Во декември истата година, ја добиле ќерката Стела, која матурираше минатиот месец, а нејзиниот татко и честитал на социјалните медиуми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …