(ФОТО) ТАЖНА СУДБИНА – Излегла да го прослави крајот на карантинот, позирајќи паднала од карпа и починала

Селфито или позирањето за фотографија која ќе се сподели на социјалните мрежи биле кобни за девојката која излегла да го прослави излегувањето од карантин поради корона вирусот…
Олесија Сусписина (31) од Казахстан паднала од карпа висока околу 35. метри додека позирала за фотографија.
Инцидентот се случил во популарниот парк Дуден кај Анталија, познат по прекрасните водопади, и тоа откако девојката излегла од повеќенеделниот карантин наметнат од локалните власти.


Таа била на прошетка со пријател, кога решила да се фотографира на работ на карпата веднаш покрај водопадот.
Дошла до безбедносната ограда и почнала да позира, додека нејзиниот пријател фотографирал.


Во еден момент несреќната девојка се лизнала на тревата, загубила рамнотежа и паднала од карпата висока околу 35 метри.
Нејзиниот престрашен пријател повикал брза помош. Безживотното тело на девојката подоцна било пронајдено и извлечено од водата.



Во последните пет години, Сусписина работела како туристички водич.
Турција воведе строги мерки за борба против коронавирусот, а во земјата регистрирани се околу 118.000 заразени и повеќе од 3.000 мртви.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …