(ВИДЕО) Александра Јанева со „Еве ме пак“ во креативна карантин верзија

За време на карантинските денови Александра Јанева реши да направи нова верзија на синглот „Еве ме пак” заедно со 25. млади музички таленти, солисти и инструменталисти.
Новото видео кое синоќа го објави на нејзините социјални мрежи покажува дека пејачката е во цврста врска со своите фанови.


„Сакам да ги слушнете, не поради тоа што свират и пеат моја музика, туку затоа што се мултиталентирани и нестварно слатки!”, вели Александра за овој проект снимен во услови на самоизолација.


Целиот нов инструментал од фановите е комплетно снимен во домашни услови, со телефони.

Покрај талентите, видеото го разубавуваат искрените реакции на бројните фанови од сите возрасти како и нејзиниот бенд со кој често ја гледавме на настапи низ земјата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …