„Не детската облека ставила симбол на сотони, три шестки се броеви кои со векови се поврзуваат со сотоната. Облеката не е соодветна ниту за возрасни камо ли за деца“, вели свештеникот
Музичката дива Селин Дион (51) откако ја лансирала својата линија „CELINUNUNU“ за детска облека е обвинета дека е сотонистка.
На интернетската страница својата колекција ја претставила како унисекс облека која ги ослободува децата од традиционалните улоги на момче и девојче и така им овозможува да растат со вредностите на еднаквост и слобода.
Бројни следбеници на социјалните мрежи, но и еден свештеник, поточно, егзорцист, ја обвиниле пејачката дека е сотона и дека привикува демони. Цените на маичките се движат од 47. до 54. евра, а за јакничка купувачите ќе треба да одвојат околу 135. евра.
“Освен што облеката е многу грозна, морам да признаам и дека е возменирувачка. Бебе кое носи маица со череп. Јакна која изгледа како вреќа за ѓубре. На некои маички се гледаат и очи на илуминати. Ова е сатонистичка детска кампања”, рекол свештеникот во интервјуто за National Catholic Register.
Свештеникот ја обвинил Дион дека на маичките индиректно прикажува култни симболи, а еден пар панталони на себе го има бројот 3, а друг бројот 6.
“Ова е симбол на сотонизмот. Три шестки се бореви кои со векови се поврзуваат со сотоната. Облеката не е примерена за возрасни, а уште помалку за деца”, додал свештеникот.
Верниците на облеката ги пронашле и скриените букви “HO”, што, според нивното мислење, претставува “ку*ва, проститутка, жена со сомнителен морал, скитничка…”