(ФОТО) Сузана Спасовска елегантна и разиграна на свадбата на ќерка си!

Популарната македонска фолк-пејачка, која нагалено нацијата ја нарекува Сузе-Национале, односно Сузана Спасовска, изминатиот викенд  ја омажи ќерката Теона.
Сузана Спасовска ја омажи ќерка си Теона, која е вистинска убавица. Имено во еден скопски ресторан, беше организирана веселба за нејзината ќерка Теона и партнерот Виктор Велковски, кој ја запроси во јануари годинава.
Фолк-пејачката вели дека „ова е нејзин животен проект“, а според објавените фотографии на социјалните мрежи, била главна на свадбената веселба.

Во светкав долг фустан, Спасовска играла и пеела на свадбата на ќерка си Теона, а на свадбата покрај пријатели, роднини, биле присутни и неколку естрадни колеги на Спасовска, меѓу кои и добрата колешка на Сузана, популарната Блага Петреска.
Фолк-пејачката уште пред свадбата изјави дека ова е нејзин животен проект, а според кажувањата на присутни и таа се фатила за микрофон и пеела колку што ја носеше гласот, а глас фала му на Бога, Сузана има, и тоа моќен глас.
Најсреќна била кога ја испеа песната „Среќо мајкина“.
Спасовска била облечена во долг свечен фустан, Теона секако во бела венчаница, а младоженецот во одличен црн костум. За потсетување, Сузана Спасовска на нашата естрада во 90-тите години на минатиот век беше препознатлива не само по хитовите, туку и според огириналноста, одејќи побрзо и посмело од другите на фолк-естрадата.

„Бев прва во се. Периките и надградби во сите можни бои ги носев јас, а повеќето ги набавував директно од театарот во Сиднеј. Исто така првата бев и со леќи за очи во лила боја, трајна шминка, чевли со висока платформа, високите чизми над колената, мини здолништа, шорцеви и корсети….“, им раскажуваше тогаш пејачката на новинарите.
Многумина се сеќаваат и на нејзините настапи во двете театарски претстави „Кој ја уби Сузана Спасовска“ и „Ќелавата пејачка“. За потсетување е за оние кои сепак не знаат, Теона е дете на Сузана Спасовска од нејзината емоционална врска со српскиот менаџер Раде Милиќ, со кој во почетокот на 90-ттите.
Извор: vecer.press

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …