(ФОТО) Станбена зграда со 140. станови која ја споредуваат со операта во Сиднеј

Карактеристичната зграда има пет кули инспирирани од водите на фјордот Вејле и околните ридови, кои се единствена глетка во данскиот, инаку прилично рамен пејзаж.
„Брановите“ кои доминираат во Вејле можат да се видат од воз, од патот или реката на деветтиот по големина град во Данска, кој се наоѓа на југоистокот на полуостровот Јутланд.


Во текот на денот, белите бранови на станбената зграда се рефлектираат во водата, а кога ќе се затемни, зградата зазема појава на планина осветлена од различни бои. Зградата има 140. атрактивни станови со поглед на фјордот, а проектот го потпишува окомпанијата „Хенинг Ларсен Архитект“. Пред девет години, Европската асоцијација на архитекти им ја врачи наградата „Лист“ за најдобро домување. Многу професионални списанија „Вал“ го споредуваат со познатата опера во Сиднеј.


Карактеристичната зграда има пет кули инспирирани од водите на фјордот Вејле и околните ридови, кои се единствена глетка во данскиот, инаку прилично рамен пејзаж.
„Има само едно место во светот каде што може да стои оваа зграда, а тоа е во пристаништето на Вејле“, коментира архитектот Сурен Олгард од „Хенинг Ларсен Архитекр“.


Првите две кули, секоја со по 20. станови, биле завршени во 2008 година, додека останатите три се обновени во 2015. година и дури сега се завршуваат. Вејле е омилен кај туристите заради своите зелени места, како и многуте специјализирани продавници и места за купување. Прогласен е за најдобар и најпријатниот дански град за купување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …