(ФОТО) Сталоне ги негира тврдењата дека присилил тинејџерка на секс па и се заканувал

Во јавноста се појавило полициско известување во кое тогаш 16. годишна девојка тврди дека тогаш 40. годишниот Силвестер Сталоне ја присилил на групен секс…
Полицискиот извештај кој се појавил во јавност содржи детали од обвинението на тогаш 16. годишната девојка кој го запознала Силвестер Сталоне во Лас Вегас.
Глумецот тогаш го снимал „Over The Top“.
Девојката со семејни пријатели била на одмор во хотелот каде што бил и Сталоне.Тинејџерката со глумецот ја запознал актерот Дејвид Менденхол, кој о филмот во игра неговиот син.После неколку дена девојката го сретнала славниот глумец во фоајето на хотелот и го замолила за автограм.


Наредниот ден девојката повторно се вратила на сетот со надеж дека ќе добие уште еден автограм, а таму ја дочекал Мајкл де Лука, телохранителот на Сталоне, кој ја прашал дали би се спротивставила ако славниот глумец почне ’да и се додворува’.Одговорила дека тоа не би и пречело, а Де Лука и ги дал клучевите од хотелската соба на Сталоне.
Кога пристигнала таму ја дочекал глумецот, ја одвел во соба, каде според нејзини зборови се соблекле и имале „малку секс“.
Во извештајот стои дека Сталоне ја прашал дали некогаш била со двајца, а кога рекла дека не била, го повикал својот телохранител Де Лука кој се криел
во бањата.
Наводно, Сталоне ја натерал на неговиот телохранител да му пружи орално задоволство, држејќи и ја главата. Потоа Де Лук пенетрирал во неа.
Кога се’ било готово, глумецот и телохранителот и се заканиле на девојката.
„Ми рече дека и двајцата се женети и дека ако некому нешто кажам ќе ме претепаат“ рекла девојката. Во полицискиот извештај кој го објавил Daily Mail стои дека девојката, зборувајќи за деталите цело време се тресела и плачела.
Очигледно е дека Сталоне е последен во низата откриени сексуални предатори во Холивуд.
Инаку, Де Лука кој е второобвинет во овој случај во 2013. година бил застрелан од полицијата.

Во меѓувреме славниот глумец кој има три ќерки преку својот портпарол ја негирал цела приказна објавена од Daily Mail како смешна и очигледно лажна.
„Никој не бил свесен за оваа сторија од 1986. година до сега, откако е објавена. И господин Сталоне никој никогаш, од официјалните лица, не го контактирал во врска со ова работа“ рекол гласнговорникот на познатиот глумец, Микеле Бега.
Од друга страна портпаролката на полицијата во Лас Вегас, Лора Мелцер, тврди дека нивната архива не оди толку далеку за да можат да потврдат дали тој полициски извештај е автентичен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …