(ФОТО) СРЦЕ КАКО ПЛАНИНА – Ѕвездата на Интер и ја плати операцијата на колковите на 26.годишна девојка од Скопје


Хуманоста не знае за граници и нации а пример за тоа е токму Марсело Брозовиќ…
Ѕвездата на италијанскиот калчолигаш Интер, Марсело Брозовиќ, донирал 3.000 евра за 26-годишната Стаменка Менче Трповска од Македонија, која преку социјалните мрежи побарала финансиска помош за операција на колковите.

A, нејзината објава ја пренесоа и навивачите на Интер од Балканот.


„Денеска, по само еден час од нашата објава во која ги молиме сите да ѝ помогнат на Менче, Марсело Брозовиќ ни се јави приватно и нè информираше дека го уплатил целиот износ за операцијата. Не знаеме како ова да го опишеме, нè преплавија емоциите, оставени сме без текст.


„Голем си Марсело, а тебе Стаменка ти ја посакуваме целата среќа на овој свет“, напишаа администраторите на фејсбук групата „Inter Tifosi Balkan“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Нарушени иднини“ – Самостојна изложба и перформанс „Распаѓање“ на уметницата Маја Зеќо

Сега со седиште во Абердин, Шкотска, делото на Зеќо користи стратегии од перформанс и звучна …