(ФОТО) Совршен оброк за целото семејство: ПИЦА на поинаков начин!

Ви донесуваме необичен рецепт кој ќе ги освои стомаците на вашето семејство
Пицата е омилено јадење на секое семејство, особено ако имате најмали кои уживаат во нејзиниот вкус. Овој пат, ви предлагаме малку поинаква варијанта на ова омилено јадење, одлична плетенка со фил за пица.
Состојки за плетенката:
600 грама брашно
250 милилитри млеко
50 милилитри масло
1/2 свеж квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 јајце
1 јајце за мачкање
Состојки за полнење:
250 грама шунка
150 грама жолто сирење
кечап
оригано

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Kocmanović (@nas_dan_svaki_dan)


Подготовка на плетенка со пица полнење
Се топи квасецот во млако млеко со една лажица шеќер и една лажица брашно и се додава на другите состојки. Месете го тестото и оставете го да отстои половина час, а потоа расукајте го во форма на правоаголник, исечете ги рабовите и направете ленти како на сликата. Можете исто така да направите две помали плетенки.
Ставете го филот на средина и префрлете ги лентите едни над други. Префрлете во сад за печење и оставете уште 15. минути. Премачкајте со жолчка и печете на 180 степени во загреана рерна.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …