(ФОТО) Легендарниот глумец испратен на вечен починок: Сопругата на Кирк на погребот „паднала од тага“, а Мајкл бил во солзи

Погребот го водел рабинот Дејвид Волп (61) кој со Кирк 25. години бил пријател. „Последните денови беше дома, окружен со семејството, во куќа полна со цвеќе, држејќи се за рака со саканата сопруга’“, рекол Волп

Од филмската легенда на гробиштата, Меморијален парк „Village Westwood“ во Лос Ангелес се простиле скршеното семејство и пријателите.
Приватниот погреб бил два дена откако глумецот починал во својот дом во 104. година. На свечената церемонија биле неговата сопруга Ен (100), синовите Мајкл (75), Џоел (73) и Петер (64), снаата Кетрин Зита Џонс (50), внуците Камерон (40) и Дилан Мајкл(19), режисерот Стивен Спилберг (73) со семејството и други блиски пријатели.



Сопругата на Кирк, Ен, паднала од тага додека го испраќале ковчегот, а зад неа чекореле расплаканите Мајкл И Кетрин. Тагата ја криеле под црните очила. Ен и Кирк заедно минале 65. години во брак.
Погребот го водел рабинот Дејвид Волп(61) кој 25. години бил пријател со Кирк.
„Ја имав таа привилегија покрај неговиот кревет да му рецитирам на хебрејски и да му дадам последен причест. Последните денови беше дома, окружен со семејството, во куќа полна со цвеќе, држејќи се за раце со саканата сопруга“, рекол Волп.


Мајкл Даглас вчера е виден првпат псоле смртта на таткото. Глумецот и неговата помајка отишле во вилата на Беверли Хилс која му припаѓала на Кирк. Скршениот Мајкл гледал во земја додека во фармерки и црна блуза одел кон куќата.
Пристигнал малку пред помајката, која медицинскиот персонал за заштитил со ќебе кога во инвалидската количка одела кон вилата.



Да потсетиме,Кирк Даглас почина во својот дом, а веста за неговата смрт ја објави токму Мајкл на социјална мрежа.
„Моите браќа и јас со голема тага известуваме дека денес почина нашиот татко Кирк Даглас на возраст од 103. години. За светот тој беше легенда, глумец од златното доба на Холивуд, хуманитарец чија предаденост на правдата и целите е пример на кој сите можеме да тежнееме. Но, за мене и моите браќа тој едноставно е ТАТО, за мојата сопруга Кетрин прекрасен свекор, за внуците и правнуците прекрасен дедо, а за сопругата Ен прекрасен сопруг“, напишал на Инстаграм.


„Кирк добро го проживеа својот живот, а неговата филмска оставина ќе инспирира генерации. Беше филантроп, кој работеше и им помагаше на другите со надеж дека ќе придонесе за мир на планетата. Оваа порака ќе ја завршам со зборовите кои му ги реков на последниот роденден:’Тато, многу те сакам и горд сум што сум твој син’“, додал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …