(ФОТО) Солени полжави ала мафини

Состојки:
500 гр кори
400 гр ситно сирење или урда
4 јајца
150 мл масло
1/2 пециво
1 помал страк праз
200 гр чаен колбас или сушен свински врат
100 гр маринирани или свежи шампињони
200 мл кисела вода
мешан сушен зачин по вкус


Подготовка:
1. Сувиот врат или чајната, празот и печурките се сечкаат на ситни коцки.
2. Во сад се мешаат сирењето, 3 јајца, 50. мл масло, киселата вода, пецивото прво, па се додаваат сечканите продукти.


3. Корите за пита вертикално ги сечеме на половина, како од секоја би добиле два мали правоаголници.
4. Секоја кора ја попрскуваме со масло или пак ја премачкуваме со силиконска четка, па по должина на страна на почетокот ставаме од филот. Ја виткаме во ролат, ја свиткуваме како полжав и ја ставаме во намрсено тавче за мафини.


5. Ги премачкуваме со едно јајце и наросуваме со сусам и ги печеме во загреана рерна на 200 степени додека да поцрвенат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …