(ФОТО) Сочен чоколаден колач со само две јајца

Состојки:
2 јајца
150 г шеќер
100 мл масло
400 мл млеко
180 г меко брашно
1 кесичка прашок за печиво
40 г какао во прав
40 г чоколадо во прав
300 г чоколадо со 72% какао
5 кесички ванилин шеќер
80 г путер
путер и лебни трошки за калапот
Подготовка: рерната вклучете ја на 180 степени. Тесен и долг, длабок калап (како за срннечки грб) намачкајте со путер и наросете по сите страни со лебни трошки.
Исејте ги брашното, печивото, какаото, чоколадото во прав. Пенесто изматете ги јајцата и шеќерот, полека додавајте го маслото наизменично со млеко (100 мл) и мешавината со брашно. Исечкајте 100 г црно чоколадо и вмешајте во тестото.
Смесата префрлете ја во калапот и печете 25 – 30 минути. Преостанатото млеко (300 мл) ставете го да проврие со ванилите. Врелиот колач 2 – 3 пати полијте го со врелото млеко и ванилините шеќери. После секое поливање почекајте колачот да го впие млекото па повторно полијте.
Истопете 200 г чоколадо со 80 г путер и со мазната глазура полијте го колачот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …