Состојки:
350 г остро брашно
400 г путер
1 јајце
1 жолчка
20 г сол
200 г шампињони
400 г мешани печурки
200 г црвен кромид
2 чена лук
100 г рендан пармезан
малку црн пипер
свеж магдонос
Подготовка: тестото замесете го од брашното, 250 г путер, јајце, жолчка и 9 г. сол. Тестото ставете го на прозирна фолија, покријте со друго парче фолија и расукајте на дебелина од 3 -4 милиметри. Калапи со обем од 8 – 11 см. намачкајте со путер (50 – 60 г, тестото исечете го да е 2 сантиметри (во обем) поголемо и ставете во калапот, обложете и по страните. Избоцкајте со вилушка, покријте со алуминиумска фолија, додајте сув грав и печете 15. минути во рерна загреана на 180 степени.
Во меѓувреме ситно исечкајте ги кромидот и лукот, печурките исечете ги на шестини. На путер динстајте ги кромидот и лукот, додајте ги печурките, малку динстајте, зачинете со сол и црн пипер.
Од испечените теста отстранете ги гравот и фолијата, распоредете го филот и вратете во рерна на уште 4 – 5 минути.
Пред послужување наросете со рендан пармезан и украсете со ливчиња свеж магдонос.
(ФОТО) Мини киш со печурки
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.