Со сопругот Џо Манганиело, колумбиската убавица ужива на островот Ла Палма. А, дека одморот и тоа како и годи, покажала со фотографија на која позира во бикини со принт на леопард. Ниту уживањето во тамошните деликатеси не и наштетило на нејзината совршена линија…
Со објавувањето на последната фотографија на Инстаграм Колумбиската убавица уште еднаш потврдила дека со право го има епитетот на една од најсексипилните жени на светот. 45. годишната ѕвезда на серијата „Модерно семејство“ позирала во минијатурно бикини со принт на леопард и напишала:„Сонцето излезе“.
Колумбиската божица, како што од милост ја викаат, моментално е на одмор со својот сопруг Џо Манганиело, кому му завидуваат многу мажи ширум светот.
Двојката не открила каде се одмора, но бидејќи на една од фотографите Софија Вергара напишала дека уживаат во луксузна куќичка Чипи Чипи, со интернетско истражување се добива и локацијата – тоа е на островот Ла Палма на шпанските Тенерифи. Таму уживаат во локалните специјалитети богати со калории, кои ниту малку не и наштетиле на нејзината совршена линија.