(ФОТО) СМЕЛО – Жешко издание на жената-мачка: Се свртела, го покажала деколтето и сите останале без зборови!

Зои Кравиц блесна на црвениот тепих пред синоќешната лондонска премиера на новиот филм за Бетмен во кој глуми жена мачка.
Актерката на црвениот тепих се појави во долг црн фустан на Сен Лоран со интересни исечоци на градите.
Додека позирала, фустанот со отворен грб ги покажал нејзините тетоважи, но и женствените раменици.
Иако Зои се одлучила за дискретна шминка и едноставни бисерни обетки, целокупниот минималистички изглед во комбинација со црниот фустан беше полн погодок на црвениот тепих.
На премиерата на филмот таа беше фотографирана со колегата актер Роберт Патинсон, кој го игра главниот лик – Бетмен.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …