(ФОТО) СКАПО ЗАДОВОЛСТВО И „ПРЧЕЊЕ“ – Славен диџеј во хотел во Дубаи добил сметка од 200.000 фунти:„Давате ли на рати?“

Поранешниот радиот диџеј на Би-би-си, Чарли Слот се изненадил кога во еден од најексклузивните ресторани во Дубаи добил сметка од 200.000 фунти.
Слот на својот профил на Инстаграм ја објавил сметката која вклучува 53 шишиња шампањско, шише вотка, две шишиња текила, шише коњак и разни јапонски јадења. Фактурата е издадена во локална валута (дирхам ОАЕ), а е издадена во хотелот „Five Palm Jumeirah“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Charlie Sloth (@charliesloth)


„Кога ‘занесувањето’ ќе тргне наопаку“, напишал тој покрај фотографијата.
„Дали може на рати?“, прашал тој, означувајќи го хотелот во објавата.


„Извинете, Чарли. Знаете дека не даваме на рати затоа што веќе разговаравме за тоа. Дали можете да дојдете во нашата главна канцеларија затоа што директорот сака итно да разговара со вас за оваа сметка?”, му одговориле тие и додале во хаштагот „имаше многу садови за миење“.

„Дејли мејл“ пишува дека сметката настанала во период од неколку дена, а кога требало да се плати, сè му било пресметано на една сметка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlie Sloth (@charliesloth)

Според нив, Слот се почестил себеси и седумте пријатели со разни скапи јадења и пијалоци – шампанското Ace of Spades Rose Champagne, текилата Don Julio iz 1942., шише Belvedere вотка која чини 3.500 евра, и шише коњак Remy Louis VIII кое чини 7.000 евра.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …