Иако многумина при стапувањето во брак се надеваат на она „до крајот на животот“ многу приказни не добиват таков епилог. Некои ѕвезди минале низ разводи каде некој завршил со полн а некој со полупразен џеб…
Чарли Шин
Глумецот месечно мора да издвои 100. илјади долари. Откако се разделил од Дениз Ричардс (46) судот одредил дека мора да плаќа 50.000 долари месечно за ќерките Сем (13) и Лола (12). Истата сума Чарли Шин (52) мора да ја издвои и за Бруки Милер (40) и за нивните два сина, Бил (8) и Макс (8).
Еди Марфи
Еди Марфи (56) тешко се помирувал со фактот дека мора да плаќа алиментација. Кога била објавена ДНК анализата, комичарот признал дека е татко на Ангел (10) која ја родила Мел Б (42). Судот му одредил дека мора да плаќа по 55.000 долари месечно за девојчето.
Мел Гибсон
На Оксана (47) со која ја има ќерката Луција (8) Мел Гибсон и плаќа по 19.950 долари, месечно. Освен тоа, таа „се збогатила“ и после раскинувањето кога и припаднало половина од неговото богатство. Мел Гибсон (61) тогаш тежел околу 600. милиони долари.
Пол Мекартни
Музичарот Пол Макартни (75) на својата бивша сопруга Хедер Милс (49) после разводот и исплатил 44. милиони долари, а на нивната ќерка Беатрис (14) секој месец и плаќа алиментација од 60.000 долари.
Бритни Спирс
Пејачката Бритни Спирс (36) на Кевин Федерлајн (39) му плаќа алиментација за нивните два сина, Шон (12) и Џејден (11) која изнесува 47.000 долари.