Скандал ја потресува „Мис на Америка“: Се појавиле меилови во кои ги исмејувале,омаловажувале и навредувале кандидатките

Повеќето луѓе од здружението кое го организирало „Мис на Америка“ во саботата поднеле оставки после откривањето на меиловите во кои некои победнички биле омаловажувани и нарекувани со грди имиња. Според пишувањето на Washington Post, оставки поднеле извршниот директор Сем Хаскел и претседателот Џош Рендл како и претставничка на советот, Лин Вајдер.
Порталот Huffington Posta во четвртокот објавил дека Сем Хаскел и испратил неколку пораки на Мелори Хоган, победничка на изборот во 2013. година, во кои ја исмејува бидејќи добила на тежина и го критикува нејзиниот сексуален живот тврдејќи дека е „лесна“.
Изразувајќи длабока потресеност и тага поради содржините на тие пораки, 49. бивши Мис Америка, меѓу кои и Мис за 2017, Севи Шилдс,во петокот испратиле писмо до организацијата во кое бараат итен отказ за Сем Хаскел.


Исто така побарале и заминување на Рендл, кого Huffington Posta го обвинил дека учествувал во размената на тие пораки со Хаскел, но и претседателката на советот на организацијата Лин Вајдер и администраторката Тами Хеди, кои „ги затворале очите“.
Хаскел после оставката се огласил со соопштение во кое се извинува поради „погрешните зборови“ употребени во меиловите, во исто време приказната на Huffington Posta нарекувајќи ја нечесна и лажлива.
„Ви беа потребни 24. часа да го смислите тој беден изговор според кој станува збор за лаги“ реагирала Мелори Хоган на изјавата на Хаскел.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …