(ФОТО) Симон Трпчески го донесе „Македонисимо“ дома во струшко Збажди

Македонскиот пијанист од светски размери, Симон Трпчески македонската претпремиера на проектот „Македонисимо“ ќе ја изведе утревечер во струшкото село Збажди, родното место на неговиот татко.
Покрај Трпчески, тимот на „Македонисимо“ го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, на кларинет, саксофон и кавал свири Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев. Преработките на традиционалната македонска музика испреплетени во различни стилови се на македонскиот композитор Панде Шахов.
Проектот, во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика, според Трпчески, прв пат пред македонската публика ќе биде претставен во областа Малесија, на планината Караорман, место од каде испаднале многу посветени Македонци кои се бореле за своето право, корен и слобода на својата земја.
„МАКЕДОНИСИМО – МАКЕДОНСКА ПРЕТПРЕМИЕРА!
27.08.2022 (сабота), 17:30 часот
село Збажди,
родното место на мојот татко,
во револуционерна Малесија, на планината Караорман.
Ве очекуваме на претстојниот македонски музички „огномет“! 🙂
GPS локација: https://goo.gl/maps/FZzqNfrks8MsfJBp9
Крајна дестинација – Збажди.
Кога ќе излезете од Струга во насока кон Дебар на еден километар се скршнува десно и редоследно се поминува низ селата: Драслајца, Биџево, Ново Село, Долно Татеши, Мислодежда, Присовјани, Збажди“, напиша Трпчески на својот профил на Фејсбук.


Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …