(ФОТО) Силвестер Сталоне објавил шокантна слика од младите денови:„Никогаш не се откажувајте!“

Веќе е познато дека легендарниот глумец редовно тренира и дека тоа е тајна на неговото мускулесто тело. За улогата на Рамбо осум месеци секој ден тренирал и тоа по четири часа, а освен што секој ден бил во теретана, одел и на часови по боречки вештини, курс по стреличарство и преживување.
Освен што и’ денес со 73. години има неверојатно вајано тело, одлучил на своите следбеници да им даде до знаење дека за таквиот успех е потребен многу труд. Објавил фотографија од младите денови, по узорот на Двејн The Rock Џонсон. Со фотографијата се споредил себе денес и пред 38. години.


„Ова е само потсетник на моите пријатели дека со стареењето не значи дека не можеш да бидеш подобар и во тренирањето. Со 35. години кревав тегови од 18. килограми, а сега кревам од 45. килограми. Затоа, немојте да се откажувате“, напишал Сталоне.
Многу следбеници се согласиле со него и во него пронашле вистинска инспирација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …