ЕСЕНТА ЗЕМА ЗАМАВ: Следуваат интензивни врнежи

На повеќе места ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец кој локално повремено ќе биде и силен и ќе достигнува брзина од над 80 км/час па така во ваква ситуација за секој случај граѓаните да бидат претпазливи каде и како се движат.

Територијата на нашата држава се наоѓа под влијание на циклон кој понатаму од запад ќе услови во нашата држава да навлезе поголем влажен бран па така уод денес врнежи од дожд ќе има во најголем дел од државава. Локално и тоа особено на запад врнежите ќе бидат поинтензивни а не се исклучува можноста и за локална нестабилност проследена со појава на грмежи, вели Славчо Попоски.


На повеќе места ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец кој локално повремено ќе биде и силен и ќе достигнува брзина од над 80 км/час па така во ваква ситуација за секој случај граѓаните да бидат претпазливи каде и како се движат. Локално исто така ќе наврне и позначително количество на воден талог и тоа на запад (над 30 л/м2).
Потоа во вторник ќе има стабилизација на временската состојба , намалување на облачноста и позначителен пораст на температурите на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 15. до 22. степени и истите ќе бидат над просекот за овој дел од годината.
Повеќе облаци повторно ќе има во среда кога на запад ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд а одсега гледано нов бран на врнежи ќе има во четврток особено попладне и навечер кон петок.
Инаку во најголем дел од Европа ураганот условува многу нестабилно и врнежливо време.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Песните на Тоше Проески” – Интернационален натпревар во пеење

Вечерва во Националната Oпера и Балет во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе се …