(ФОТО) Серијата „Милијарди“ останува без главниот актер

Британскиот актер и sвезда на хит серијата „Милијарди“ се откажува од улогата на Боби Акселрод, попознат како Екс, после пет сезони.
Веста дојде откако ТВ компанијата „Шоутајм“ во понеделникот ја најавила шестата сезона, која ќе започне со емитување на 23. јануари следната година.


View this post on Instagram

A post shared by Bahar Leventoglu (@fanfundamian)


„Каква неверојатна радост е да се поминат пет години тесно соработувајќи со големиот @lewis_damian!“, напишал извршниот продуцент на „Милијарди“, Брајан Копелман на Твитер по заминувањето на 50-годишниот актер.



„Дејвид Левиен и јас сме неизмерно благодарни, Демијан, за работата, секако дружењето и за се што направивте и жртвувавте да работите со нас“, додал продуцентот.
Се шпекулира дека позицијата на Луис ќе ја заземе Мајкл Принс, кој го игра Кори Стол (Принс се појавува прв пат во петтата сезона).

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 12-ти до 14-ти декември по 9-ти пат ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „ Winter Apricots“

Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. …