(ФОТО) Секому се случува: Пијаната актерка загубила рамнотежа и „треснала“ на земја

Персоналот на хотелот и помогнал на глумицата Рис Витерспун, но папараците сепак успеале да го фатат нејзиното „непријатно паѓање“. Носела високи штикли кои само дополнително и одмогнале…


На јубилејниот 50. роденден на американската глумица, Џенифер Анистон, се појавила и нејзината колешка Рис Витерспун (42). Таа очигледно добро се забавувала, но и претерала со алкохолот во хотелот „Sunset Tower“ во западен Холивуд. Рис малку се опуштила и испила неколку чашки отповеќе па заминувајќи од прославата во еден момент ја загубила рамнотежата и во еден момент несреќно „паднала на земја“.


За среќа, персоналот на хотелот бргу и помогнал, но папараците сепак успеале да го уловат нејзиниот непријатен момент. Рис носела високи штикли кои само дополнително ја отежнале ситуацијата, како и одењето до автомобилот кој требало да ја однесе дома.


Глумицата која станала позната благодарение на улогите во филмовите „Русокоса од харвард“ и „Свирепи намери“, ретко може да се види во такво издание. Иако до 2011. година е во среќен брак со Џим Тот (49) на роденденот на својата славна колешка дошла сама.

На роденденот на Џенифер Анистон пристигнале многу познати холивудски имиња како што се глумицата Гвинет Палтроу (46), водителката и комичарка Елен деЃенерис (61), Кејт Хадсон (39), Деми Мур (56), глумецот и режисер Џорџ Клуни (57), а се појавил дури и поранешниот сопруг на Џенифер, Бред Пит (55) со кого, наводно, повторно пончнала да се гледа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …