Актерот и фудбалер Вини Џонс ја загуби сопругата Тања, која почина поради тешка болест. Таа ја загуби битката со ракот на 53-годишна возраст, а пред нејзината смрт направила нешто вредно, за восхит, за нејзиниот сопруг.
Пред нејзината смрт, таа потрошила неколку илјади фунти за да купи авионски билети за пријатели и дел од семејството за кои што сакала да дојдат кај нејзиниот сопруг за Божик, за да не биде сам кога ќе ја снема.
“Тања купи билети за сите. Целото семејство ќе дојде. Таа знаеше дека нема да биде тука и не сакаше Вини да биде сам за Божиќ. Таа сакаше да биде опкружен со пријатели и семејство откако таа почина. Таа сакаше сите да бидат заедно. Тоа беше типично за неа – да се размислува за другите додека поминува низ толку тешки времиња“, изјавил извор близок на парот.
Вини Џонс открил дека плаче секоја вечер бидејќи ја изгубил Тања.
„Знаевме дека е крај, и ја разгаливме. Ја сакав многу и и’ реков дека ја сакам. Продолжував да и кажувам:’Те сакам, те сакам’. Се беше многу мирно, а потоа дишеше се’ потешко и одеднаш беше тивко. Ја погледнав сестра ми и и реков:’Замина’. И тоа беше тоа. Се случи толку брзо, не бевме подготвени за тоа. Само седевме таму еден час со неа. Бевме целосно изгубени. Се чинеше дека спиеше, но повеќе ја немаше“, раскажал потресено Вини Џонс.