Во Скопје синоќа околу два часот во населбата Тафталиџе опожарен е нов џип „БМВ 5“. Сведоци велат дека претходно се слушнала голема експлозија. Возилото било паркирано пред семејната куќа на Бојан Јовановски, Боки 13., а било сопственост на неговиот татко.
Со брза интервенција на противпожарното возило, големиот пожар бил локализиран и не е проширен на семејните куќи и другите паркирани автомобили.
Истражните органи извршиле увид.
Пожарот ги вознемирил соседите во мирната населба а со брзата интервенција било спречено пожарот да се прошири на семејната куќа на Јовановски, јавува Телма.