(ФОТО) Мултимилионер вооружен до заби: Братот на напаѓачот од Лас Вегас открил шокантни детали за човекот кој убил 58. лица…

Напаѓачот од Лас Вегас бил мултимилионер, кој голем дел од парите заработил со вложување во недвижнини, а долги години работел како сметководител, така Стивен Педок го опишува неговиот брат Ерик.
Ерик Педок на новинарите во Орландо им рекол дека не знае дали неговиот брат имал некакви финансиски потешкотии.
Според неговите зборови, Стивен Педок трошел големи суми во казината, каде често бесплатно добивал оброци и преноќиште.


„Одеше на крстарења и се коцкаше“ вели Ерик Педок.
Тој тврди дека неговиот брат никогаш не покажал некаков знак дека би можел да биде насилен.
Сепак, како што додал, имал неколку пиштоли, но никогаш не собирал огнено оружје.

Стивен, напоменува Ерик, не го интересирала религија ниту пак политика. Американската агенција АП претходно објавила дека таткото на напаѓачот бил еден од најбараните криминалци на листата на ФБИ откако во 1968. година избегал од федералниот затвор во Тексас.
Таткото Педок бил озлогласен ограбувач на банки кој се обидел, во 1960. година, со автомобил да прегази агент на ФБИ.

Стивен Педок бил тинејџер кога ФБИ отпечатила леток на кој било напишано дека неговиот татко има дијагноза на психопат.
Таткото на напаѓалот од Вегас, Бенџамин Хоскинс Педок починал во 1998. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Eксклузивен концерт на Пласидо Доминго во Скопје

Прагма Продукција во копродукција со Македонска Опера и Балет го најавува спектаклот кој ќе се …