(ФОТО) Се родила деформирана, но не се откажала: „Сепак постои среќен крај“

Родена со тешка деформација на лицето, Коди Хол (25) минала низ 18. операции на лицето во 14. години. Со новото лице, и неодамна мажена, на луѓето им порачала дека за секој има крај како од бајка…
Храбрата жена родена со повеќекратно деформирано лице, се омажила и на свадбата им порачала на гостите:„Ова е мојот среќен крај!“
Коди Хол (25) е родена со хемангимон (натечени делови или израстоци кои ги обложуваат крвните садови) на левата страна на лицето. Израстоците биле толку големи што лицето и било потполно деформирано, а докторите не сакале ништо да преземат додека не наполнила една година, пренесува Daily Mail.
Откако нејзините родители собрале 230.000 фунти и отишле во САД, започнала првата од 18. операции кои Коди ги имала низ годините.
Првата операција била во 1993. година во Њујорк кога имала една година, следел и фејслифтинг, корекција на носот, пресадување на кожа, липосукција, операција на окото и ласерска операција.
Сето тоа го минала во 14. години.
„Кога тргнав во училиште луѓето имаа многу прашања и на улица чудно би ме гледале. Сето тоа внимание знае да вознемири и воопшто не ми се допаѓаше. Меѓутоа, во текот на годините луѓето сфатија дека сум тоа што сум, и сега кога ќе ме сретнат на улица ми приоѓаат и ми велат ’браво’ бидејќи се навистина среќни поради мене“ објаснила Коди.
Без оглед на грдите забелешки на околината, Коди пред осум години го запознала Луис Холт за кого неодамна се омажила.
„Тоа беше многу емотивен ден проследен со солзи радосници“ изјавила Коди и додала дека само сака на луѓето да им покаже дека има и среќни краеви.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …