(ФОТО) Сашо Тасевски: „Не се спуштам на пиљарското ниво на Ефтов“

По  интервјуто во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов, за време на кое актерот и директор на Драмски театар, Сашо Тасевски стана и си замина, подоцна тој соопшти зошто го прекинал разговорот.

„Моите пријатели очекуваат моја реакција за интервјуто кај Ефтов. Преќутев не зашто немав што да му кажам, туку зашто не сакав да се спуштам на неговото пиљарско ниво, зашто не сакав со некоја неконтролирана изјава или потег да му нанесам штета на театарот кој го управувам. Оти не сум сам во таа приказна. Затоа станав без збор. И уште нешто. Згрозен сум од неговата подмолност и измамност да не се држи до темата која ја договоривме туку да се занимава со мене со цел да ме искомпромитира. Моите ставови секогаш биле конзистентни и јасни. Само тој не ме викна за муабет во емисијата, туку да ме натера да реагирам неумесно. Сфатив, некој смислено ме избрал за таа цел. Тоа се гледа и по омразата на оние кои сега ме плукаат и физички ми се закануваат . Очигледно сум им пречел многу. Нека е и така. Од грешките се учи многу, ако се сака. Само уште ова. Гаќите се уште на мене, ама некој пак му ги смкна гаќите на новинарството, ако пропагандата може да се нарече новинарство“.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …