Купувачот на McLaren Senna од Германија кусо уживал во својот скапоцен спортски автомобил…
Засега првата документирана сообраќајка на моделот McLaren Senna се случила во Минхен минатиот викенд.
Откако во саботата претставништвото на МекЛарен, во тој германски град, на Инстаграм објавило фотографија на автомобил кој самошто му бил испорачан на купувач, неколку часови подоцна на истата социјална мрежа се појавила фотографија од истото возило кое имало „блиска средба“ со еден ѕид.
Не се знае колкава штета претрпел автомобилот, но контактот со ѕидот бил доволен да се активираат воздушните перничиња во возилото.
McLaren Senna пред…
…и после сударот:
Детали за несреќата не се познати, но се верува дека возачот – ненавикнат на така јак автомобил – ја загубил контролата и излетал од коловозот на тревникот покрај патот, а потоа удрил во блискиот ѕид.
Моделот McLaren Senna е претставен кон крајот на 2017. година. Овој хиперспортски автомобил наречен по легендарниот, трагично преминат бразилски возач Аиртон Сена, располага со 800 кс (589 kW) и 800 Nm.
Од 0 до 100 километри забрзува за 2,8 секунди, додека максималната брзина е 340 км/час. Во план е ограничена серија од 500. примероци кои се продаваат по почетна цена од милион евра.