(ФОТО) РУСКА УБАВИЦА – Во Кан сите погледи биле вперени во Ирина Шајк: Две прерамки преку градите и истренирани стомачни

Ирина Шајк се погрижила сите погледи да бидат вперени во неа на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, појавувајќи се во кожен горен дел и здолниште кои ги истакнаа нејзините истренирани стомачни мускули.
Манекенката на 76-тото издание на фестивалот во Кан пристигна во кожен топ кој беше составен од две вкрстени прерамки преку градите, а носеше и кожено здолниште со низок струк.
Ова парче облека одлично ја следеше нејзината фигура, а во преден план беа нејзините истренирани стомачни мускули.


Се чинеше дека 37-годишната убавица е речиси без шминка, а на лицето има само малку сенка за очи и маскара.
Руската манекенка оваа недела присуствуваше на премиерата на филмот „Firebrand“ („Le Jeu De La Reine“), а модното издание го комплетираше со блескав дијамантски ѓердан со привезок во облик на капка.

„Firebrand“ е историски драмски филм од 2023 година, во режија на Карим Аинуз, а по сценарио на Џесика и Хенриета Ешворт.
Претстојниот филм, кој го означува првиот режисерски напор на Аинуз на англиски јазик, ја раскажува приказната за Кетрин Пар, последната од шесте сопруги на Хенри VIII, чија позиција како регент на кралицата е загрозена кога е осомничена дека се здружила со еретик.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …