(ФОТО) Росица Мршиќ ја прикажа најновата колекција „CELIA“

Дизајнерката Росица Мршиќ вчеравечер во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ ја претстави најновата колекција наречена „Celia“ , во организација на Моден викенд Скопје.
Модните креации кои се инспирирани од портретите на Силија Биртвел насликани од познатиот англиски уметник Дејвид Хокни беа прикажани на несекојдневен начин со моден перформанс во неколку простории.
Новите модни парчиња за сезоната пролет-лето се нетипични за досегашната работа на Мршиќ, спакувани во шик колекција со лелеави силуети.
„Парчињата кои ги создавам ги портретирам како парчиња кои се за секој ден, секоја пригода но секогаш интригантни и возбудливи. Силни бои, цветни стилизирани принтови, црна и мека бела боја, артистични текстури на материјал, кроеви сложено изработени, ја прават „Celia“ карактерно романтична, авангардна и ласцивна“, рече Мршиќ.

Дизајнерката на накит Марта Поп Антоска инспирирана од креацииите на Росица Мршиќ изработи лимитирана серија на накит од стакло специјално за колекцијата „Celia“. Чевлите кои ги носеа моделите доаѓаат од бутикот „ VIA“.
За шминката на моделите се погрижија „Radiant“ во соработка со мејкап артистот Јована Коциќ, а за фризурите „Lakme“ во соработка со „Studio LiLi“ .
Модното шоу на Мршиќ го поддржаа „Public Room“, „Пакомак“, „Lux“ и „Винарија Камник“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕСЕЧНА АНАЛИЗA НА ВРЕМЕТО ЗА МЕСЕЦ МАЈ: Не очекуваат нешто пониски температури, но и повеќе врнежи – Постои можност и за временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, веќе започна да влијае ладниот феномен “ЛА НИЊА”, …