(ФОТО) РОДИЛА ДЕТЕ НА КОЕ МУ Е ВСУШНОСТ ТЕТКА: Сите ги осудуваат а ним не им е гајле – Повторно би го направиле истото!

Шапел Купер (27), Британка од Далстон, неодамна станала мајка. Меѓутоа, детето не е нејзино и цел свет зборува за овој случај…

Имено, Шапел во петокот го родила девојчето по име Харпер Елизабет Смит, а иако на свет ја донела Шапел, таа не и е мајка туку тетка. Како е тоа возможно Шапел објаснила на фејсбук.


Harper Elizabeth Smith – 12/07/2019 – 5.8lbsAt 5:30am this morning we welcomed the most amazing little lady to the…


Gepostet von Michael A D Smith am Freitag, 12. Juli 2019

Шапел веќе има девојче а нејзиниот брат Скот Стивенсон и неговиот партнер Мајкл Смит очајнички сакале да станат родители. Шапел сфатила дека Скот тешко ќе најде женско лице на кое доволно ќе и верува за да и ја довери улогата на мајка, и решила на својот брат да му подари дете.
Така нејзина јајна клетка била оплодена со сперма од Мајкл.


Тие тројца велат дека од старт ќе бидат искрени со девојчето и ќе и кажат кој всушност ја родил, како и дека тета Шапел има важна улога во животот на ова бебе.
Целиот случај кренал доста прашина во англиската нација, посебно поради фактот дека Шапел и Скот се брат и сестра. Сепак, тие тројца тврдат дека не се случило ништо чудно со овој потег и дека повторно би го направиле истото.

Gepostet von Michael A D Smith am Montag, 21. Januar 2019

Екран.мк

Фото: Фејсбук

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …