(ФОТО) ТРАГИЧНО – Српската мисица на 33. години ја загубила битката со ракот:„Ми доцнеше циклусот а лекарот ми ја кажа трагичната вистина!“

„Никогаш не ни помислував дека тоа може да ми се случи. Отидов кај гинеколог бидејќи ми доцнеше циклусот. Тестовите покажаа дека имам карцином. Немав никакви проблеми пред тоа…“ 

Познатата српска мисица Дијана Милојковиќ почина на 33.годишна возраст по долга борба со тешката болест. Се борела како лавица и ги мотивираше другите жени да гледаат на ракот на грлото на матката како животно искуство, а не како конечна пресуда.
Како што се наведува, нејзиниот брат Милош Милојковиќ се огласи на Инстаграм и со тажен статус ја потврди оваа информација.

„Почивај во мир, сестро“, напишал тој.
Инаку, Дијана долго се борела со опасната болест, а пред повеќе од еден месец  во српската јавност одекна веста дека итно и е потребна крв. Дијана со својот однос кон борбата со ракот инспирирала многу луѓе да и се восхитуваат и да се истраат во борбата со ракот.
Нејзината кариера ја обележи победата на изборот за Мис на Србија во 2009. година. На натпреварот во Бејрут 2014. година, станала и Мис на Европа како и Мис на спортот, па продолжила да работи како модел.

View this post on Instagram


Thankful👼🏻💖

A post shared by DIJANA MILOJKOVIC ® (@dijanaslife) on


На 27.годишна возраст, убавата Дијана дознала дека боледува од инфазивен облик на рак на грлото на матката, па тогаш почнала и нејзината борба за живот, а во меѓувреме отворила и блог, на кој давала совети и ги прераскажувала своите искуства.
„Никогаш не ни помислував дека тоа може да ми се случи. Отидов кај гинеколог бидејќи ми доцнеше циклусот. Тестовите покажаа дека имам карцином. Немав никакви проблеми пред тоа. Сегашните резултати се подобри од претходните. Се надевам дека ќе бидат уште подобри на крајот на ноември, кога ќе одам на контрола“, рекла Дијана Милојковиќ во едно интервју.


View this post on Instagram

Messy hair, don’t care🌻 #haveaniceday

A post shared by DIJANA MILOJKOVIC ® (@dijanaslife) on

Извор:kurir.rs
Фото: Instagram 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …