(ФОТО) Рецепт на денот: Полнети тиквички во земјана тава

Состојки

2 тиквички
300 г. мелено месо по избор
150 г. ориз
1 главичка кромид
1 супена лажица мешан зачин
4 јајца
500 мл. кисело млеко
Подготовка:на загреано масло го запржуваме кромидот.Го додаваме меленото месо.Кога е запржено, оризот го промешуваме во садот.Зачинуваме.
Тиквите ги миеме и не ги лупиме.
Ги длабиме и полниме со филот.
Ги редиме во земјена тава и попрскуваме со масло.
Ги дополнуваме со вода колку да ги покрие.
Печеме во рерна малку подолго, да се загрее убаво земјеното тавче.
Откако ќе провериме колку е варено и видиме дека е при крај, матиме кисело млеко и јајце и прелеваме врз тиквичките.
Оставаме уште малку во рерна да се запече преливот.
Се јаде топличко, додавајќи јаболков оцет.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …