(ФОТО) Рецепт на денот: Пастичо од талјатели, зеленчук и пршута

Зимата малку не изненади, но затоа ние можеме домашните да ги изненадиме со убав италијански специјалитет – со тестенини секако.

Состојки:
400 г. талјатели
230 г. грашок
120 г. пршута
350 г. свежи шампињони
1 морков
1 главица кромид
1 средно по големина стебленце целер
по потреба маслиново масло, сол, бибер
Бешамел:
800 мл. млеко
50 г. путер
50 г. брашно
3 јајца
3 лажици рендано жолто сирење
малку морско оревче, црн бибер, сол
Подготовка: во тава на оган ставете маслиново масло.Додајте го сецканиот кромид, целер и ренданиот морков.Откако малку ќе се запржат додајте ги печурките исечени на ливчиња.Оставете да се пржат на среден оган 10. минути.
Потоа додајте ги грашокот и пршутата исечена на коцки.
Насолете и наросете црн бибер.
Оставете да се готви уште 5 минути.
Бешамел:во соодветен сад ставете го путерот да се растопи.Додајте го брашното.
Откако брашното ќе се запржи додајте го загреаното млеко и мешајте додека се’ згусти.
Додајте го сирењето, малку морско оревче, црн бибер и сол. Измешајте и оставете да се излади.
Скршете ги јајцата и одделете ги жолчките од белките.
Белките изматете ги во цврст снег и додајте ги во ладниот бешамел.
Мешајте внимателно во еден правец од долу према горе.
Талјателите ставете ги да се варат во поголема количина солена зовриена вода.
Не ги оставајте да се доварат до крај.
Исцедете ги и префрлете ги во поголем сад.
Додајте ги бешамелот, со вилушка изматените жолчки и испржениот зеленчук.
Измешајте убаво и префрлете ја смесата во стаклен сад намачкан со путер.
Наросете со жолто сирење и ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени,околу 20 минути.
Послужете топло.


Напомена: наместо пршута можете да користите било какво чадено месо, па и шунка, во краен случај.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …