(ФОТО) Рецепт на денот: Беќар коцки

Извонреден непечен колач за чија подготовка е потребно малку време, но со оглед на состојките и добиеното трудот секако ќе се исплати. Се препорачува на љубители на сувите смокви и ореви…
Состојки:
4 помалечки обланди – или две големи исечени на половина
1 фил:
200 г суви смокви
100 г суво грозје
1 портокал – сок
50 – 100 г шеќер во рпав
2 фил:
200 г мелени ореви
100 мл врело млеко
100 г шеќер во прав
1 лажица рум
3 фил:
4 жолчки
100 г шеќер во прав
1/2 лимон – сок
150 г маргарин или путер
Глазура:
100 г чоколадо за готвење
10 лажички масло
Подготовка:
1 фил: смоквите, сувото грозје сомелете ги, додајте го сокот од портокал и на крај шеќерот па убав измешајте.
2 фил: измешајте го врелото млеко со оревите, шеќерот и румот.
3 фил: жолчките варете ги на пареа со шеќерот додека не се добие фин густ крем, тргенте од ринглата и оставете да се излади па додајте го сокот ос лимон и изматениот маргарин.
Редење:
обланда (наопаку, значу филувајте на малечките коцки), 1 фил – обланда, 2 фил – обланда, 3 фил – облада, оставете малку да се стегне па полијте со глазурата.
Послужување: во филот со смокви додајте шеќер по вкус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Елегантното издание на Иванка Трамп на инаугурацијата на Доналд Трамп: Блеснала во смарагдно зелен комплет

Иванка Трамп изгледала убаво и одважно во зелен комплет составен од здолниште и јакна, на …