По вчерашниот дуел, се огласи Героски: Еве што напиша сега на Facebook

Mојот „дуел“ со лицето Љупчо Палевски пред локалот „Манда“ помина така како што предвидов и како што бев предупреден од некои мои пријатели – со кукавички напад од непрокопсаникот (ме поли со „боите на Шарената револуција“), со поддршка од воодушевената багра во спомнатиот локал, на чело со сопственикот Маниќ, кој, пак, одигра една мала, божем позитивна, епизодна ролја во претставата. Значи, ништо од најавениот „шамар со селфи“, ништо од што морав да се бранам. По нападот, неколку пати го повикав кукавицата Палевски да дојде и да ја реализира својата закана, чекав цели 15 минути, но тој, се разбира, не собра сили за такво нешто.

Спротивно на шпекулациите раширени на социјалните мрежи дека јас се обидувам да го „наместам“ Палевски, бев целосно свесен дека тој и неговата багра од „Манда“, веројатно во содејство и со други луѓе од полицијата (еден ми напиша порака и ми навести дека ќе се легитимира пред мене), спремиле сценарио и се очекуваше само да кренам рака или да направам било каков потег во самоодбрана, што ќе беше протолкуван како напад од моја страна. Затоа одлучив мирно да го издржам „перформансот“ со боите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …