(ФОТО) Репертоар на Драмски театар од 12. до 14. април

12. април „Секс, дрога и рокенрол“
И така замина револуцијата, нема потреба од зошто и како, просто замина. Се заменија старите идеали за ништо, косите за ништо. Нема романтика во компромисот. Не сакам да се извадам, но нема ни да попувам. Oд попови доста. Oдиме на рационално расудување. Никој веќе не бара ништо. Kоја е потребата од тоа, кога седиме апатично? Eдинствено што ни е потребно е маст за хемороиди.
Претставата не се занимава со тоа кој и како е виновен за распадот на идеалите, туку со прашањето зошто. Зошто се повеќе и повеќе тонеме во сопствениот комфорт, оставени да чекаме на доаѓањето на нештото, иако ниту знаеме што чекаме, ниту што е тоа што ќе дојде. Мала приказна за еден човек во 7 ставови.
Автор:Ерик Богосјан

Режија: Ристе Алексовски


Игра:Сашо Тасевски

13. април „Атена со пенис“
„Атена со пенис“ е сценска адаптација на истоимениот роман на Алек Русјаков која од комична позиција се занимава со се’ поизразената деградација на општествените, семејни и културни вредности. Во фокусот на дејството е Виктор Велков, просечен, средовечен македонски „шалабајзер“ и самоповикан гуру на турбофолк сцената. Виктор живее лесен, удобен и безгрижен живот,  а ненадејната смрт на татко му и очекуваното наследство, ветуваат уште побезгрижни денови во иднина. Но, како што обично бива, на читањето на тестаментот работите добиваат сосема неочекуван тек. Обидувајќи се да извлече максимум од новонастанатата збунувачка ситација, Виктор презема низа дејствија врз кои бргу губи секаква контрола…Играат: Рубенс Муратовски, Катерина Коцевска, Лазе Манасковски, Зоран Љутков, Гордана Ендровска, Филип Трајковиќ, Калина Наумовска, Александар Степанулески, Диме Илиев, Ванчо Иван Петрушевски, Гоце Тодоровски, Јана Стојановска, Емилија Мицевска, Благица Димитровска.


14. април „Тоалет за дами“ -Гостува театарот Ј.Х.Џинот од Велес
Писател: Родолфо Сантана
Режија: Деан Дамјановски
Играат: Зорица Панчиќ, Кица Ивковска, Васил Зафирчев, Ирена Илиевска, Кети Борисовска, Маја Љутков, Талија Настова, Марија Стефановска, Весна Димитровска Бобевски, Драгана Босниќ, Слободанка Чичевска и Александар Велјановски.
Драматург: Сашо Димоски
Сценографија: Филип Коруновски
Костимограф: Катерина Чукниева
Музика: Сашко Костов
„Кога некој маж оди во тоалет, обично го прави тоа од една единствена причина. Жените го користат тоалетот како дневна соба или соба за психотерапија. Жени што влегуваат влегуваат во тоалетот како сосем непознати, може да излезат оттаму како најдобри пријателки, како да се познавале цел живот “ – вели една книга за популарна психологија. И ова е само благ опис на тоа што се може да се сличи во петок навечер, во женскиот тоалет на една дискотека, некаде тука на Балканот, помеѓу десет жени, еден транвестит и еден маж.
Уживајте во претставата!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …