Неодминливата „Боемска рапсодија“ не брилјирала.Освен наградата на Малек, филмот на контроверзниот режисер Брајан Сингер (53) освоил само уште БАФТА за најдобар звук…
Американскиот глумец Рами Малек (37) на уште едно доделување освоил награда за најдобар глумец, а овојпат станува збор за престижната награда која ја доделува британската академија и филмски и телевизиски уметности.
На истата церемонија победила и Лејди Гага (32), односно нејзиниот дует „Shallow“ со Бредли Купер (44) во категоријата за најдобра оригинална песна во филм. Секако, станува збор за кино хитот „Ѕвездата е родена“.
I can’t believe we just won Best Original Music @BAFTA ‘s . I wish so much I was there but am at the Grammy’s to show them our love as well. We made a film about music. This means the world to me. Thank u to all our fans we love u so much, we wouldn’t be here without u #BAFTAs pic.twitter.com/nD8QZgwySB
— Lady Gaga (@ladygaga) February 10, 2019
Уште еден исклучително успешен филм од кој се очекувало и поуспешна „жетва на награди“ е секако неизбежниот „Боемска рапсодија“. Осван наградата на Малек филмот на контроверзниот режисер Брајан Сингер (53) освоил само уште БАФТА за најдобар звук.
Во најуспешен филм на вечерта се наметнал „The Favourite“, еден од главните фаворити на надоаѓачките оскари, кој освоил вкупно седум БАФТА награди, а четири заслужила „Рома“, филм на мексиканскиот филмаш Алфонсо Куарон (57) кој е воедно прогласен за најдобар режисер, додека неговото дело е прогласено за најдобар филм.
Покрај Рами Малек, најважните актерски награди ги освоиле Оливија Колман (45) за најдобра главна женска улога и Рејчел Вајс (48) за најдобра женска спредна улога, и двете во филмот „The Favourite“, и Мархаршал Али (44) за најдобра спредна машка улога во филмот „Зелена книга: Водич низ живот“.