Новинарката на новозеландската телевизија Ориини Каипара станала првата водителка која ги презентирала вестите во ударниот термин со тетоважа на Маори на лицето.
🇳🇿A New Zealand reporter has made history by becoming the first person to present a prime time news programme with a traditional Māori chin tattoohttps://t.co/qE4w9rzWyT
— Telegraph World News (@TelegraphWorld) December 29, 2021
Новинарката претходно изјавила дека „moko kauae“ (тетоважа на Маорите) ја направила во 2017. година, откако ДНК тестот покажал дека таа целосно, 100 отсто, припаѓа на оваа нација.
View this post on Instagram
„Moko kauae“ е традиционална тетоважа на долниот дел од брадата што ја носат жените Маори, што означува премин од девојка во возрасна жена. Оваа древна практика на Маорите исчезнала кога Нов Зеланд бил колонизиран во 1800-тите, но подоцна оживеала во 1990-тите како симбол на идентитетот, гордоста и богатството на предците.
„Свесна сум само дека јас сум првата што го стори тоа. Тоа е секогаш во позадина, секој мој чекор и дело рушат ѕидови. Тоа е нов терен за нас како Маори“, изјавила Каипара за Stuff.
„Тоа дефинитивно е чекор напред. Ова беше мојата цел – да ги водам вестите во ударен термин, и тоа се случи“, додала Каипара.
View this post on Instagram
Заживувањето на оваа практика на тетовирање во 1990-тите се совпаднала со ревитализацијата на Маорите и желбата за деколонизација.
Многу носители на тетоважи се соочиле со дискриминација, забранет им е влез во одредени објекти, не можат да ги задржат своите работни места.
Тие често доживувале малтретирање, и физичко и вербално.
Меѓутоа, ситуациите се подобруваат со текот на времето и тие стануваат составен дел од општеството.
Водителката Каипара е посветена на акцијата за ревитализација на традициите и обичаите на Маорите, а нејзиното присуство во вестите може да ги натера другите да ја прифатат нивната култура.
„Веќе некое време, полека сфаќам дека ова е многу повеќе од само читање вести или раскажување приказни кои се важни за сите нас. Тоа е и голема победа за оваа генерација и за следните 10. генерации. Не дозволувајте вашиот идентитет или вашата култура да бидат пречка за успех. Всушност, искористете го како ваша моќ. Правете добри работи за другите луѓе“, вели храбрата новинарка.
Фото: Принтскрин/Twitter