Американската глумица која наскоро ќе стане војвотка не сака да се откаже од својот лежерен американски стил. Иако протоколот налага членките на кралското семејство на службените случувања да се појавуваат во фустани или здолништа со шешир, Меган Маркле (36) во посетата на Кардиф, со свршеникот принцот Хари (33), дошла во скини фармерки.
Но, додала и twist – за нејзината прва посета на Велс го избрала токму велшкиот бренд на панталони, Hiut Denim. Ниту еднаш досега, освен на фотографирањето за божиќните празници, немала шешир ниту се појавила со лежерно собрана коса.
Освен тоа, Меган не ги послушала советите на протоколот да не позира за селфи и да не потпишува автограми. Воодушевените обожаватели пред дворецот во Кардиф го скандирале нејзиното име, а таа ги прегрнувала луѓето, сликала селфи и на една девојка и потпишала автограм.
Една девојка рекла дека е „убаво да се има една феминистка во кралското семејство“ на што Меган и одговорила:„Хари е исто така феминист“.