(ФОТО) Приказна на Камбоџанец: Како всушност Анџелина Џоли го усвоила момчето?

Сарата Мунху бил поранешна десна рака на Анџелина Џоли во Камбоџа – тој и помогнал на холивудската sвезда полесно да го заврши процесот на посвојување на момчето Медокс, со тоа што станал негов татко. Сега им открива на медиумите како актерката го избрала својот син од стотици сирачиња во земјата.
Медокс сега има 20. години и има среќен живот, поради што Сарата Мунху е многу среќен.
Анџелина се соочила со бирократска главоболка при посвојувањето на момчето во 2002. година и побарала од Сарата да и помогне така што ќе се претстави како татко на детето во судските документи за посвојување. Медокс бил наведен како негово трето дете.


View this post on Instagram

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie_offiicial)


Како државјанин на Камбоџа, тој реши многу правни проблеми со кои Анџелина се соочила како странец, особено затоа што владата во тоа време ги намалила меѓународните посвојувања поради трговијата со бебиња.
„Има многу деца во светот на кои им е потребна грижа, им треба подобар живот. Дотогаш, таа сакаше да биде мајка, но мислеше дека е подобро да биде мајка на бебе на кое очајно му треба добра нега. Така, таа се одлучи за Медокс, а не за биолошко бебе. Тоа го слушнав од неа, разговаравме за се’“, вели Сарата.
„Тој беше паметен, остар, интелигентен, прекрасно дете, кое им се смешкаше на луѓето повеќе од кое било друго бебе. Се уште се сеќавам на неговото насмеано лице. Колку што ја разбрав, кога таа го посетила сиропиталиштето и го видела Медокс, тој и се насмевнал и станал, наместо да плаче како сите други бебиња. И се насмеал токму на неа, тоа го допрело нејзиното срце, затоа таа го избра Медокс“, продолжува тој.


Сарата не жали што и помогнал на Анџелина со посвојување на Медокс, па актерката потоа повторно го посвоила момчето од него. Станале пријатели.
Сега се надева дека Анџелина ќе го одржи ветувањето дека Камбоџа секогаш ќе биде дел од идентитетот на Медокс.

„Жителите на Камбоџа се горди и среќни што Медокс живее во високата класа. Многу други ја немаат таа можност. Ние би сакале тој да се врати и да ја разбере неговата култура. Тој порасна во модерниот свет, па ако може да им врати нешто на своите луѓе, тоа би било многу убаво. Ако би можел да научи за неговото наследство и култура, како дошол во сиропиталиштето – каков ужасен дел од неговиот ран живот. Можеше да стане улично дете, многу од нив станаа зависници од дрога, дувајќи лепак. Системот за сиропиталишта во Камбоџа не е добро управуван, многу деца не се заштитени, парите од донаторите решаваат само дел од проблемот, а владата не прави ништо. Тој е среќно момче во споредба со многу, многу други во Камбоџа. Би било убаво да се врати и да и помогнеме на заедниците“, рекол Сарата.

Тој не знае дали родителите на момчето се живи, а тој самиот побегнал, од Камбоџа, пред три години во Торонто.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …